Сака да експериментира со својот изглед
Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, стекна огромна популарност во последните неколку години кога објави бројни хитови кои собраа милиони прегледи на платформата Јутјуб. Таа официјално почнаla да се занимава со музика пред 12 години, а нејзиниот прв сингл се вика „Пустиња“.
Таа привлекува големо внимание со својот автентичен стајлинг, па многумина ја споредуваат со светски ѕвезди. Сака да експериментира со изгледот, што имаме можност да го видиме на нејзиниот Инстаграм профил.
Последната трансформација предизвика лавина реакции. Косата ја обоила во црна, додека предните прамени во бела боја. Многумина ги потсетува на Круела де Вил од „101 далматинец“.
Додека на некои од нејзините обожаватели им се допадна нејзиното ново издание, додека други не го делат истото мислење.