Со нови слики од аеродром пејачката ги остави без зборови сите присутни
Иако спаќа во ѕвездите на помладите генерации, и иноватори на регионалната сцена, како на музички, така и на естетски план, пејачката очигледно претерала со пластичните операции и повеќе не личи на себе.
Имено, со нејзиното неодамнешно појавување на белградскиот аеродром беше очигледно дека Едита имала корекции на лицето, по што изразите на лицето и беа ограничени. Таа се појави со долга црна коса за која многумина мислеа дека е перика и со сосема поинаков нос кој ја промени физиономијата на нејзиното лице.
Познато е дека и нејзината сестра Инди е голем љубител на естетските корекции, па имала големи компликации при операцијата за намалување на желудникот. Неодамна доживеала и непријатност, кога и пукнал силиконот, па уште еднаш завршила на операционата маса. Во таа прилика таа изјави:
– Операцијата беше многу тешка, закрепнувањето е уште потешко. Но, од април ќе почнам да настапувам, дотогаш се ќе си дојде на свое место и веќе немам никакви очекувања во животот. Само давам. Колку давам, толку нека ми се врати. Кога се очекува премногу, тогаш може да се разочарате – заклучува таа.