Пејачката изгледа сè помладо и помладо
Ретко кој би ја препознал вака облечена доколку ја сретне некаде на улица. Пејачката се одлучи за младешки стајлинг за прошетка со другарките. Бидејќи времето било студено, Нина (50) облекла долга црна зимска јакна, под која има хеланки во иста боја и блуза со пруги. Овој спортски изглед таа го истакна со капа и неон жолти патики. Нема сомнеж дека Нина ги следи светските трендови кога е во прашање нејзиниот личен изглед, па со ова издание не заостанува многу зад светските ѕвезди. Таа остана доследна на својата нова паж фризура, која се гледаше под капата.
Со широка насмевка и видно расположена од попладневната прошетка, Нина во еден момент јавна фигура на кравата што случајно се нашла таму, а тој момент е овековечен на фотографија.