ЕВE КАКО ТУРЦИТЕ ПРАВАТ ЌОФТИЊА: Не додаваат јајца или презла, а толку се сочни што ќе ви се допаднат

popara8 август, 20231min00
koftinja

Сите сакаме ќофтиња и ги правиме на класичен начин, а матените јајца или бајат леб се задолжителни, покрај месото. А Турците тоа го прават малку поинаку, а кофтињата им се толку вкусни и сочни што секогаш ќе ги правите штом ќе ги пробате.
Потребни состојки:

  • 1 кг мелено говедско месо
    1 лажичка пиперка
    1 лажичка мелена лута пиперка
    1 лажичка слатка пиперка
    1 лажичка ким
    1 лажичка коријандер
    1 лажица рендан лук
    1/2 чаша магдонос
    1 кромид

Подготовка:

Исечкајте го кромидот и ставете го во водата. Во меленото месо додадете зачини, лук, магдонос и убаво измешајте. Процедете го кромидот и додадете го во смесата со месото. Добро измешајте, со раце извадете и формирате топчиња, и на крај пржете ги на врело масло.

 

Добар апетит!