Ги воодушеви присутните!
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и принцот Вилијам го посетија Бирмингем. За оваа пригода Мидлтон избра како и секогаш скромна и елегантна комбинација.
Станува збор за комбинација која навидум тешко може да се дефинира, која потсетува на комбинација од фустан и капут. Горниот дел е на преклоп, се врзува на средината со ремен кој е во иста боја на фустанот (бордо или боја на вино), а долниот дел од фустанот се состои од здолниште со превои кои дискретно се шират.
Со ова таа избра салонки во иста боја.
Парот, меѓу другото, посетил и еден индиски ресторан, каде заедно со домаќините видно расположени подготвувале храна во кујната. Кејт покажа дека не и се непознати ваквите работи и дека умее елегантните фустани да ги замени со кујнска престилка.