За подобар квалитет на сонот: Неколку напитоци кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете

popara28 декември, 20231min00
Screenshot_2

Ослободете се од несоницата на здрав и природен начин

 

 

Несоницата навистина е непријатна. Целодневното превртување во креветот и она чувство кога не знаете што да направите со себе во 3 часот наутро. Сите сме го искусиле тоа барем еднаш.

За оваа цел ние ви споделуваме три неверојатно едноставни супер напитоци кои можете да ги подготвите пред спиење и кои ќе ви помогнат полесно да се опуштите и да отпловите во земјата на соништата. Ни еден од овие напитоци на содржи алкохол затоа што алкохолот всушност делува деструктивно на сонот и на спиењето.

 

1.Сок од вишна и ванила

Вишните се неверојатно богати со мелатонин, хормон кој е одговорен за регулацијата на циклусот на сонот и будноста. Затоа редовното конзумирање на овој вкусен слатко-кисел напиток ќе ви помогне да го уредите вашиот распоред на спиење.

 

Додавањето на ванила во сокот ги смирува и опушта сетилата. Додадете неколку капки екстракт од ванила и ќе задремете за неколку секунди.

 

2.Свеж чај од камилица и лаванда

Комбинацијата на овие две билки е позната по своите опуштачки својства.

Камилицата има дејство кое помага при анксиозност додека лавандата е мирис кој со векови се користи како сретство за смирување и опуштање.

 

Потребни ви се 1 лажица чај од лаванда и 1 лажица чај од камилица, 2дл вода, млеко и мед по желба.

Ставете ја водата да зоврие и прелијте преку состојките. Оставете да одстои 10-15 минути во поклопен сад. Исцедете го чајот и додадете млеко и мед по желба.

 

3.Топол млечен напиток

Млекото е број 1 напиток кога е во прашање квалитетниот сон, а кога ќе му додадете мед и мускатно оревче, можете да бидете сигурни дека многу наскоро ќе отпатувате во земјата на соништата.

 

Во една чаша топло млеко измешајте 1 лажица мед, и ¼ лажица мелено мускатно оревче. Испијте го 30 минути пред спиење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma