Ивана Николиќ се заигра со фотошоп: Поранешната членка на групата „Hurricane“ се најде на мета на критики (ФОТО)

popara28 јануари, 20231min00
910d50f30e6041ccbb1806b089d0e61189fc5477

Пејачката присуствуваше на доделувањето на „MAC“ наградите

Доделувањето на музичките награди „MAC“ (Music Awards Ceremony) ги собра во Белград најголемите ѕвезди на српската и регионалната јавна сцена.

Внимателно избраните тоалети не можеа да останат незабележани, а секако можеме да ги споредиме со големите светски ѕвезди. Ивана Николиќ, поранешна членка на групата „Hurricane“, се појави во тесен бел фустан кој ја истакна нејзината совршена фигура. Долгите сребрени обетки одлично се совпаднаа со аутфитот.

Очигледно на Ивана не и се допаднало како испаднала на некои фотографии. Обожавателите забележале дека таа малку си поиграла во фотошоп, бидејќи изобличила дел од сценографијата на сликата.

„Некој да и каже дека искривила се околу себе“, „Оваа жена нема потреба да менува ништо во фотошоп“, беа само дел од коментарите.

Многумина мислат дека пејачката изгледа совршено и дека не и треба фотошоп.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma