Драган Бјелогрлиќ има две деца со убавата Маја, во која случајно се заљубил на заеднички проект.Актерот, сценарист и режисер Драган Бјелогрлиќ и неговата избраничка Маја се во брак повеќе од 20 години и за тоа време не се појавуваа премногу често заедно пред камерите.
Впрочем, убавата Маја не се грижи премногу за популарноста, но секогаш го имала грбот на својот сопруг кога се во прашање важни настани,како што е премиерата на филмот „Тома“, кој доживеа голем успех.
Медиумите пишуваа дека парот се запознал во деведесеттите, а како клучен момент секогаш се споменува снимањето на реклама за куќа која произведува кујнски мебел.
Драган бил ангажиран, како и Маја која се занимавала со моделство додека студирала англиски јазик и литература.
Но, тие се познаваа и пред тоа, како што во една прилика објасни Драган за “Story”, иако на тој проект се роди љубов.
― Неколку месеци откако се запознавме, добив понуда да снимам реклама за кујнски мебел, во која ми требаше партнер, се сетив на Маја. Не бев сигурен дали е воопшто во Белград, но имав среќа што дојде на есенскиот испитен рок, па ја ангажирав да глуми со мене во реклама.Отпрвин само се преправавме дека сме вљубен пар,а набрзо навистина станавме тоа – изјави Драган за убавицата која рано се осамостои поради нејзината манекенска работа, живеејќи и работејќи прво во Париз, а потоа и во Виена.
И покрај големиот успех во меѓународниот моден свет, Маја не го запостави своето образование, а често доаѓаше во Белград бидејќи студирала а потоа и дипломирала англиски јазик и литература.
Драган и Маја потоа се венчаа, а таа ја прекина манекенската кариера и извесно време работеше како преведувач.
Заедно имаат две деца – синот Алексеј, кој реши да тргне по стапките на својот татко и веќе има одиграно неколку улоги и студира на Факултетот за драмски уметности и ќерката Миа, која како животен пат ги избра политичките науки и новинарството.