Црвениот кармин беше шлаг на тортата
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска се појави на уште едно снимање на музичкото натпреварување „Звезде Гранда“ и изненади со својот стајлинг.
Имено, Цеца од луксузниот автомобил излезе во кожно мини здолниште и кошула, а сето тоа го зачини со кожен елек.
Црвениот кармин беше шлаг на тортата, а сите погледи беа вперени во неа веднаш штом излезе од автомобилот.
Витките нозе на Цеце беа во преден план, бидејќи со овој стајлинг дефинитивно се истакна нејзината витка линија, а присутните се согласија дека пејачката никогаш не изгледала подобро.
Да се потсетиме, Цеца неодамна стана баба по втор пат, а Вељко и Богдана имаат наследник кој дојде на свет токму на датумот на роденденот на Аркан, му го дадоа името Крстан.