Официјално е објавено што ќе прави кралот Чарлс на Евровизија
Музичкиот натпревар „Евровизија 2023“, кој започнува на 9-ти мај, ќе го отвори кралот Чарлс.
Имено, од кралската палата стигна соопштение дека светлата на сцената официјално ќе ги вклучи Неговото Кралско Височество.
Тој и неговата сопруга Камила ќе дојдат во Ливерпул Арената каде ќе се сретнат со водителките и британскиот претставник на ова натпреварување, се наведува понатаму во соопштението.