Што велите – може ли да помине?
Наташа Беквалац повторно ги остави сите без здив кога на настап се појави во прекрасен фустан кој ги откри сите нејзини атрибути.
Таа не престанува да ја воодушевува јавноста. На почетокот на оваа недела посетила засолниште за напуштени животни каде го поминала цел ден со кучињата. Ја раскажа нивната тажна приказна во која открива дека биле отфрлени, малтретирани и запоставени. Таа повика сите да им помогнат на овие мили шепички, како што вели, секоја гранула им е важна.
Пејачката синоќа сподели фотографија на која позира во црн фустан. Станува збор за блескав макси фустан што таа го облекла за настап. Посебно големо внимание привлекоа длабокиот шлиц и кројот кој го откриваше стомакот, па Наташа за помалку од 24 часа собра над 20.000 лајкови.
Под провокативните фотографии таа праша:
– Може ли да поминам?
А позитивните коментари само се нижеа.