Емина сега изгледа помладо отколку пред неколку години
Пејачката Емина Јаховиќ (41) со години е на музичката сцена, па имавме можност да ги проследиме сите фази од нејзиниот професионален и личен развој.
Неодамна главна тема е изгледот на пејачката.
Изгледа како да направила разни козметички зафати и изгледа сосема поинаку деновиве.
Емина пред два дена објави фотографија на која ретко кој би ја препознал. Никој не би ѝ ја дал возраста за почеток, бидејќи пејачката позираше во шарени минималистички шорцеви и бел кроп топ на кој и е откриен целиот стомак.
Таа изгледа како тинејџерка и многумина би се согласиле дека никогаш не би погодиле дека веќе е во петтата деценија.
– Те молам, само никогаш немој да станеш Мајкл Џексон – гласеше еден од коментарите, во кој се алудираше дека Емина, како и познатиот крал на попот, можеби претерала малку со естетските интервенции, или оди кон тоа.