Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник, фудбалерот, Немања Гудељ наскоро ќе станат родители
Анастасија моментално е во четвртиот месец, а таа и нејзиниот партнер Немања Гудељ наскоро ќе станат родители на девојче, пишува „Блиц“.
Младата пејачка веќе некое време престојува кај својот избраник во Севиља, Шпанија. Таа е многу активна на Инстаграм, па често споделува фотографии од Шпанија, како од натпреварите на кои го следи своето момче, така и некои моменти од нивниот приватен живот.
Да се потсетиме, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна стана баба по втор пат, кога се породи сопругата на Вељко, Богдана.