Многу познати личности веќе ги украсија своите домови во духот на Новата година, така и поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, а нејзината декорација мора да биде како неа – раскошна, светла, модерна, поинаква.
Како што се наближува крајот на оваа година, Карлеуша се посвети на уредувањето на вилата, а со следбениците на Инстаграм сподели како изгледа нејзиниот дом пред новогодишните празници.