Познатиот актер почина 10 дена пред неговиот роденден
Австрискиот актер Хелмут Бергер почина на 79-годишна возраст во Салцбург. Тажната вест ја споделил неговиот агент, а пренесува „ABC News“.
Во 2019 година, Бергер се повлече од јавната сцена поради тешка болест која на крајот го победи.
Во текот на својата кариера играше во многу остварувања како „Самрак на боговите“, „Лудвиг“, „Затворен семеен круг“, како и во „Градината на Финци-Контини“, „Доријан Греј“ на Масимо Даламан, но најголема слава стекна со улогата на Френсис Форд Копола во филмот „Кум III“.
Роден е во Бад Ишл, Австрија на 29-ти мај 1944 година. Во Рим првпат се испробал во улогата на статист, додека неговиот талент не го открил Висконти, кој му ја дал првата улога во 1966 година.