Почина ПРВАТА Среда Адамс: Актерката била три дена во болница, а еве која е ПРИЧИНАТА за смртта

popara30 јануари, 20231min00
sreda-adams

Нејзината блиска пријателка Лор Џејкобсон ја сподели трагичната вест на Фејсбук

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28-ми јануари како последица од мозочен удар на 64-годишна возраст.

Нејзината блиска пријателка Лор Џејкобсон ја сподели трагичната вест на Фејсбук:

– Со голема тага ве известувам дека нашата пријателка Лиза Лоринг почина. Пред четири дена таа доживеа голем мозочен удар предизвикан од пушење и висок крвен притисок. Три дена беше на апарати за одржување во животот. Вчера нејзиното семејство донело тешка одлука да се исклучат апаратите и таа починала.

Лиза беше оригиналната „Wednesday Addams“, а деновиве овој познат лик во кинематографијата повторно е во центарот на вниманието благодарение на хит серијата на продуцентската куќа Нетфликс „Wednesday“.

Актерката го „оживеа“ ликот на Среда кога имала само шест години, а серијата се прикажувала од 1964 до 1966 година и имала 64 епизоди.

– Таа е незаменлив дел од поп културата и во нашите срца секогаш ќе биде Среда Адамс. Преубава, љубезна, мајка полна со љубов… Наследството на Лиза во светот на забавата е огромно! А наследството што им го остави на семејството и пријателите, хуморот, наклонетоста и љубовта, ќе живеат во нашите срца уште долго. Почивај во мир Лиза. Проклетство, девојко… беше многу забавна – напиша споменатата пријателка Лор на социјалните мрежи.

Лоринг била мажена четири пати, а добила две ќерки – Маријана и Ванеса, како и внуците Емилијана и Чарлс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag