Хари доаѓа сам!
Како експлозија одекна изјавата на палатата дека принцот Хари ќе биде присутен на официјалната церемонија на крунисување на кралот Чарлс, но ќе биде сам. Имено, како што наведува Си-Ен-Ен, за тоа време неговата сопруга ќе престојува со децата во Калифорнија, каде во исто време роденденот на нивниот син Арчи е на 6 мај, кога се одржува и крунисувањето.
Палатата во своето официјално соопштение напиша:
– Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6-ти мај, а војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет – се вели во соопштението.