На прославата што се одржа синоќа во Белград, фолкерката се појави во својот препознатлив стил кој најмногу и прилега.
Цеца Ражнатовиќ не е некој што сака да експериментира кога е во прашање облекувањето. Популарната пејачка и самата призна дека најдобро се чувствува во долги фустани, но и во елегантни одела.
Така, на една прослава, која се одржа синоќа во Белград, фолкерката се појави во нејзиниот препознатлив стил, кој најмногу и прилега.
Пејачката овој пат се одлучи за лежерна, но елегантна опција – кошула со пруги, која ја вовлекла во црни панталони.
Сето тоа го зачини со високи потпетици, како и елегантен капут во темна боја, додека косата ја врза во репче.
Секако, со овој стајлинг одлично беше искомбинирана и чантата, како и накитот кој одлично се вклопи со ременот околу струкот кој ја истакна нејзината витка линија.
Интересно е што Цеца на прославата дошла со нејзината сестра Лидија и затот Предраг Оцокољиќ, но штом ги виделе медиумите брзо поминале за да не ги сликаат.