Северина во луксузно издание: Ја затвори годината како што треба, а еве чиј потпис се најде на гламурозната тоалета!

popara13 декември, 20231min00
Screenshot_4

Синоќа се одржа финалето на хрватското музичко натпреварување „Суперстар“, во чија четиричлена жири-комисија беше и најголемата хрватска ѕвезда – Северина Вучковиќ, покрај Тончи Хуљиќ, Ника Турковиќ и Филип Милетиќ.

 

 

 

За време на финалната вечер, пејачката се појави во впечатлив фустан од британскиот бренд „Солес Лондон“.

 

Фустанот е со црна и розова комбинација на бои – над едноставниот црн дел има розов долг дел, кој наликува на наметка. Розевиот дел од фустанот има и „пуф“ ракави.

 

На официјалната веб-страница на „Солес Лондон“, фустанот е достапен и чини 790 фунти.

Инаку, победничка на првата сезона на „Суперстар“ е 17-годишната Хана Ивковиќ.

 

„Сѐ уште не ми се верува дека ова се случи!“, возбудено рече победничката, бришејќи ги солзите-радосници.

 

Во финалето, Ивковиќ ја отпеа „When you Believe“ од Мараја Кери и Витни Хјустон.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag