СЕПАК СЕ ПОВИКАНИ: Принцот Хари и Меган Маркл добија официјална покана да присуствуваат на крунисувањето на кралот Чарлс

popara5 март, 20231min00
28ffa2b6dc32a1a0c7187efd8abe54957e3d6809

Им ја одземаа куќата, а потоа ги повикаа назад

Потврдено е дека во поштата на Сасекс во Лос Анџелес пристигнала долгоочекуваната покана. Многумина се прашуваа дали Хари и Меган воопшто ќе бидат поканети на церемонијата, бидејќи се чини дека односите меѓу нив и кралското семејство се сè позатегнати. Меѓутоа, и тоа се случи.

Кралот Чарлс ги покани својот помал син и снаата да присуствуваат на неговото крунисување, кое ќе се одржи во Лондон на 6-ти мај, пренесува „Hellomagazine“.

Според кралскиот дописник за „Sunday Times“, Рој Ники, парот сега е официјално поканет, а топката сега е на нивно поле.

„Непосредната одлука за тоа дали војводата и војвотката ќе присуствуваат, нема да ја откриеме во овој момент“, додадоа.

Доколку Сасексови присуствуваат на крунисувањето, сè уште не е познато каде ќе престојуваат. Претходно оваа недела беше потврдено дека Чарлс „ги замолил Хари и Меган да се преселат од нивниот дом во ОК – „Куќата Фрогмор“, кој го добија како свадбен подарок од кралицата Елизабета.

Веста доаѓа веднаш откако принцот Хари учествуваше на интимна сесија со докторот и автор Габор Матео, кому му се отвори за предизвиците со менталното здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma