Јелена Карлеуша за интервенциите што планира да ги направи
Пејачката неодамна се најде на мета на критики поради наводно фотошопирање на нејзините фотографии. Јелена ги демантираше ваквите коментари и објасни како ги средува фотографиите.
– Ги отстранувам сенките, ја изострувам фотографијата и го зголемувам контрастот. Накратко, правам само корекција на бои. Хејтерите слободно нека ми завидуваат, а јас ќе ги блокирам – изјави Јелена во свој стил.
Што се однесува до пластичната хирургија, Јелена направила план како за 20 години да изгледа исто како сега.
– Никогаш не сум правела ботокс, меѓутоа, сега е време за тоа. Влегов во фаза кога ми е последен воз за некои интервенции. Со докторите направив план како за 20 години да изгледам исто како што изгледам сега и да не се менувам. Мислам дека е можно. Единствените две корекции што сум ги направила досега се усните и градите, со тоа што не сум ставила постојан филер во усните, туку нешто што мора повторно да се направи. На мене се гледа што сум правела и никогаш не сум го криела тоа. Во 21-ви век, естетската хирургија не треба да биде табу тема. Водам трка со времето, кое неуморно тече, но се трудам да изгледам убаво – напишала пејачката која годинава ќе го прослави својот 45-ти роденден.