Јелена Карлеуша по 11 години го издаде албумот „Алфа“, а за само неколку дена ќе пристигне уште еден
Впечатоците од новиот албум на Карлеуша се уште не слегнаа, а пејачката на својот Инстаграм профил објави дека на 20-ти август ќе излезе уште еден албум наречен „Омега“.
Според неа, тоа ќе биде нешто сосема поинакво од албумот „Алфа“, а фановите едвај чекаат да слушнат за што се работи.
– Драги мои, ви благодарам за морето впечатоци, критики, честитки! Сакав да ве изненадам за мојот роденден и да го најавам мојот 12-ти студиски албум „ОМЕГА“, на кој паралелно работев цело време. Ви го претставувам COVER ART-от за албумот „ОМЕГА“, кој е една целина сама по себе, естетски и жанровски нешто сосема поразлично од албумот АЛФА и ќе се појави онлајн на 20-ти август – напиша Јелена во описот на фотографијата.