Коментарите само се слеваа
Уна порасна во вистинска убавица. Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, која годинава ќе го прослави својот 22-ри роденден, мами воздишки каде и да се појави.
Додека пејачот го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, неговата наследничка сака да споделува фотографии од патувања и излети. Таа е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм каде ја следат над четириесет и две илјади следбеници.
Неодамна објави фотографии во црн едноделен костим и предизвика лавина реакции.
Костимот ги истакна нејзините облини, а коментарите на воодушевените следбеници само се нижеа.
Убавата Уна своевремено споделуваше фотографии во предизвикувачки пози, а неодамна објави дека ужива на хрватското крајбрежје.