Ќерката на Лиса Мери Присли, Рајли Кју: Го прекина молкот по ненадејната смрт на мајка си (ФОТО)

popara21 јануари, 20231min00
4cd130197713c99879aefca4325d905a4a97c219

„Не размислувам многу за дедо, никогаш не го запознав“, изјави Рајли

По разводот на нејзините родители, Лиса Мери Присли и Дени Кју, Рајли (33) остана блиска со семејството, иако сакаше независност во кариерата. Рајли е актерка, а ова е нејзино прво огласување откако нејзината мајка почина на 54-годишна возраст.

Кју објави слика со нејзината мајка од детството, а во описот остави само едно срце. Објавата дојде само една недела откако беше потврдено дека Лиса е погребана на имотот на Елвис, Грејсленд, покрај нејзиниот покоен син и татко.

Рајли е првата ќерка на Лиса, од нејзиниот прв брак, од кој доби и син, кој се самоуби пред точно две години. Рајли има уште 2 сестри близначки, кои нејзината мајка ги доби од вториот брак.

Таа еднаш изјави како се чувствува што е внука на толку познат дедо:

– Луѓето секогаш ме прашуваат „Колку е лудо што дедо ти бил Елвис?“ Ги радувам давајќи им одговор ‘Да, многу лудо!’ Но, всушност, никогаш не размислувам за тоа. Реалноста е дека знам за дедо ми колку што некој би знаел за дедо кој никогаш не го запознал – изјавила младата актерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma