Латиноамериканската дива отсекогаш нагласувала дека е поддржувач на природната убавина и интензивната нега на кожата, а тоа може да се каже дека и се исплатело бидејќи изгледа како да е дваесет години помлада.
Холивудската мултиталентирана убавица Џенифер Лопез не престанува да биде главна тема на медиумите речиси триесет години. Таа има „по нешто за секого“; глуми, пее, танцува, позира за најпрестижните брендови, има свој личен бренд на козметика, смело си поигрува со модата, едноставно кажано – оваа жена е сестрана.
Во ерата на ширење на пластичната хирургија, таа остана лојална на цртите на лицето, постојано истакнувајќи дека е против естетските зафати – ботокс и хијалурон.
Таа сега на својот „Инстаграм“ профил објави видео во кое гордо ја покажува својата совршена кожа без акни, со минимални брчки, погодна за триесетгодишна жена, а не за жена која навлегува во шестата деценија од животот. Видеото покажува сјајна, хидрирана и природно затегната кожа.
- Без филтер. Сето тоа сум јас, на 54 години. Блескам и среќна сум– напиша таа под објавата.
View this post on Instagram
Нема сомнеж, дивата изгледа како божица, а дали тајната е во гените или во совршената рутина за нега на лицето, никогаш нема да дознаеме – можеме само да и се восхитуваме!