Состојќи:
- 140 грама брашно
- 70 грама какао во прав
- 50 грама шеќер
- 2 лажици мед
- 2 зрели банани
- 1 јаболко
- 1 јајце
- 50 грама путер
- 5 лажици масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 прашок за пециво
- прстофат сол
- 50 грама темно чоколадо
- 100 грама ореви
Подготовка:
- Во брашното додадете ги какаото и пецивото во прав.
- Исечете ги оревите и чоколадото, а половина од нив оставете за декорација.
- Стопете го путерот.
- Јајцето матете го со шеќерот додека не добиете пена.
- Додадете екстракт од ванила, мед, сол, путер и масло.
- Испасирајте ја бананата со вилушка, а јаболкото излупете го, а потоа изрендајте го.
- Додајте ги во смесата со јајца, а потоа додадете ги сувите состојки и добро измешајте.
- Промешајте ги сецканите ореви и чоколадо.
- Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење.
- Посипете го со остатокот од чоколадото.
- Печете на 180 Целзиусови степени околу 50 минути.
- Оладете и украсете по желба, така што површината ќе ја премачкате со мед што е малку разреден со вода и додадете ги сецканите ореви.