Амстердам донесе драстична одлука: Вака ќе се справи со туристите

21 април, 20240
676 (100)

Градската управа на Амстердам планира драстично да го намали бројот на речни крстаречки бродови на кои ќе им биде дозволено да се закотвуваат во самиот град.

Во рок од пет години бројот на вакви пловни објекти ќе се преполови, соопшти градската управа.

Градските власти проценуваат дека поради тоа годишно Амстердам ќе го посетуваат околу 270.000 туристи помалку. Од 2028 година, во Амстердам ќе можат да се закотвуваат максимум 1.150 бродови годишно, што е голема разлика во однос на 2023 година, кога се закотвиле 2.125 бродови со околу 500.000 патници.

Градските власти се надеваат дека овој потег, покрај намалениот број посетители, ќе влијае и на намаленото загадување на воздухот.

„Поради големиот број туристи, нивните ноќевања во градот, патувањето со автобус и зголемената испорака, крстарењата по реки придонесуваат за застој и создавање на зголемени издувни гасови во градот“, се вели во соопштението на градските власти и се додава дека многу туристите преноќуваат во еден од хотелите во Амстердам пред и по крстарењето.

Ова е најновата во низата мерки на холандската престолнина против масовниот туризам. Минатата година Амстердам одлучи да го забрани влезот на големите бродови за крстарење и донесе одредба терминалот да се премести надвор од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma