Ашер направи спектакл на Super Bowl, а планира и венчавка за која никој не знаеше

12 февруари, 20240
Ашер

Покрај настапот и изгледот, Ашер ја воодушеви публиката и со тоа што целиот настап го отпеа во живо. Сепак, настапот не е единствената тема за која Ашер моментално е во очите на јавноста.Очите на целиот свет беа насочени кон уште едно издание на најважниот спортски настан во САД -Super Bowl . Секоја година, големото финале на професионалната американска фудбалска лига (НФЛ) е придружено со извонреден музички спектакл, а оваа година Ашер ја имаше честа да пее на полувремето. Настапот траеше нешто повеќе од 13 минути, а судејќи по првите реакции, познатиот музичар во целост ги оправда очекувањата кои секоја година се се поголеми.

Тој пристигна на импозантната сцена на стадионот Allegiant во Лас Вегас седејќи на тронот во бел костум опкружен со оркестар и други изведувачи, а на сцената му се придружија познатите гости Алиша Кис, Џермејн Дупри, Лил Џон и Лудакрис. За време на настапот ги изведе своите добро познати хитови меѓу кои „Caught Up“, „U Don’t Have to Call“, „Superstar“ и „Love in the Club“, ги смени костимите и уште еднаш го потврди статусот на суперѕвезда и идеален кандидат за настапот на полувремето во Super Bowl .

Посебно воодушевување следеше откако згодниот 45-годишен музичар некаде на средината на својот настап ја соблече кошулата и уште еднаш го покажа своето беспрекорно извајано тело.

Покрај настапот и изгледот, Ашер ја воодушеви публиката и со тоа што целиот настап го отпеа во живо. Сепак, настапот не е единствената тема за која Ашер моментално е во очите на јавноста.Имено, по настапот, познатиот музичар, според  Daily Mail, треба да влезе во брачните води со својата долгогодишна партнерка Џенифер Гоикочеа. Ашер и неговата избраничка поднеле барање за дозвола за брак на 8 февруари, само неколку дена пред Super Bowl, откако се консултирал со својот духовен советник.

Венчавката ќе се одржи во капела во Лас Вегас, а по церемонијата сопружниците ќе го прослават бракот во тесен круг на семејството и пријателите.

Инаку, ова ќе биде втор брак на Ашер. Со поранешната сопруга, модната дизајнерка Тамека Фостер, тој има два сина , додека со сегашната сопруга има и две деца син и ќерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma