Бакнежот кој ја обиколи планетата: Сите очи беа вперени во Тејлор Свифт и Тревис Келче на синоќешното финале на Super Boul (ВИДЕО)

12 февруари, 20240
Тревис Келче и Тејлор Свифт

По четирите вечери по ред во Токио, поп иконата одлета во Лас Вегас за да го бодри своето момче Тревис Келче и Канзас Сити Чифс на Super Boul во 2024 година.

Четиринаесеткратната добитничка на Греми ја прелета планетата за да го бодри Тревис од трибините. Нејзиното пристигнување се чекаше, па таа ја засени дури и играта, како и настапот на Ашер на полувремето. Сите очи беа вперени во Тејлор.

Пред да го напушти теренот на крајот од натпреварот, таа ја сподели радоста со мама и тато, Андреа и Скот Свифт, како и со Блејк Лајвли, а таму беше и семејството на Тревис.

По големата победа на Канзас Сити, пејачката излегла на теренот каде таа и Тревис споделиле бакнеж и голема прегратка. Сепак, како што се шпекулираше дека ќе се случи синоќа, предлогот сè уште не е остварен.

 

Келче и Свифт првпат предизвикаа гласини за запознавање во септември 2023 година, кога пејачката присуствуваше на нејзиниот прв натпревар во Канзас Сити. Оттогаш верно го бодреше своето момче до самото финале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma