Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

10 февруари, 20240
84fb52e5aa885bc1ef0c3ceafb76ae44daf2cbf6

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко, јајца, а се исто толку вкусни. Направете палачинки од леќа и вода кои можете да ги наполните по желба.

Состојки:

125 гр црвена леќа
200 мл вода
1/3 лажичка сол

Рецепт:

Подгответе ја леќата

Потопете ја леќата во вода преку ноќ, за добро да се впие. Потоа префрлете ја леќата во блендер и убаво изблендирајте за да добиете мазна смеса. Додадете вода постепено за да ја контролирате конзистентноста.

Пржете ги палачинките

Тавата премачкајте ја со масло, па истурете малку смеса и пропржете како обични палачинки. Направете го тоа додека не ја потрошите смесата.

Наполнете ги палачинките

Вака подготвените палачинки можете да ги наполните со сечкано бело месо, бешамел сос, шунка, сирење, печурки…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi