Дали сте пробале ДИЕТА СО ЈАБОЛКА? Слабејте здраво и без гладување

29 јануари, 20240
Screenshot_6

Диета со која не мора да гладувате

 

Јаболкото е овошје чии корисни и здрави својства често се потценуваат и забораваат. Освен што ги штитат забите, јаболката ги топи и масните наслаги. Пробајте ја оваа диета која содржи само вкусна и здрава храна и која ќе ви помогне да се ослободите од насобраните килограми без гладување.

 

За да биде добра за вашето тело, исхраната пред се мора да биде разновидна, а на вашето тело да му ги обезбеди сите потребни состојки. Диетата со јаболка е наменета за луѓе кои сакаат на здрав начин да се ослободат од насобраните килограми. Се состои од четири оброци дневно пред кои мора да изедете едно јаболко.

 

Дневното мени содржи многу малку јаглени хидрати и доволно протеини за кои е докажано дека го намалуваат апетитот. Комбинирајте ги следните намирници и уживајте во вкусните оброци.

 

 

ПРЕПОРАЧАНИ НАМИРНИЦИ:

 

– Овошје, сушено и коскесто овошје, урда, јогурт, јајца, пилешки гради, мисиркино месо, телешко месо, риба, интегрален ориз, овесна каша, брокула, морков, блитва, спанаќ, свежа зелена салата и домати.

– Избегнувајте слатки, а ако чувствувате силна желба за шеќер, изедете парче темно чоколадо.

 

 

ПРИМЕР ЗА ДНЕВНО МЕНИ:

 

Појадок: Јаболко (пред јадење), омлет и овесна каша со млеко

 

Ужина: шолја обработено свежо сирење или јогурт со малку маснотии

 

Ручек: јаболко, 2 парчиња печени пилешки гради, варена брокула, 2 шаки интегрален ориз

 

Вечера: јаболко, лосос или бела риба на скара и салата по желба

 

Ужина: овошје или варен зеленчук по избор, јогурт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi