Дру Баримор го прослави својот 49-ти роденден во прекрасен лелеав фустан, моделот во кој Иванка Трамп прошета пред една година

23 февруари, 20240
Дру Баримур - Иванка Трамп

Холивудската актерка Дру Баримор го прослави својот 49-ти роденден. Ѕвездата на филмот „Чарлиевите ангели“ го помина роденденот уживајќи,возејки се со возило инспирирано од хот-договите. И во лелеав фустан од бои на виножитото достоен за црвениот тепих, во кој минатата година во јавност прошета Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Поранешна актерка, а денес водителка на успешно ток-шоу кое има голем успех од 2020 година, кога дебитираше на американската CBS со „Шоуто на Дру Баримор“, холивудската актерка сè уште може да се пофали со завидна линија за која редовно добива комплименти..

Магазинот People своевремено ја прогласи за најубава личност на светот, а Дру Баримор, иако на крајот од четириесеттите, сепак изгледа одлично и покрај многуте подеми и падови што и ги донесе животот.

Медиумските колумни со години беа исполнети со вести за нејзината зависност од дрога, која првпат ја пробала како тинејџерка. Во декември 2021 година, таа се пофали дека е трезна повеќе од две години и призна дека се обидела да ја ублажи болката со алкохол откако се разделила од нејзиниот сопруг во 2016 година.

Роденденската прослава беше добра причина уште еднаш да покаже како времето застанало во нејзиниот случај. Тоа го докажа со својот најнов стајлинг.

Во мај минатата година, јавноста имаше можност да види долг лелеав фустан со придружна наметка на Иванка Трамп, 42-годишната наследничка на поранешниот претседател и бизнисмен Доналд Трамп – на кралската венчавка во Јордан, каде што пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

Станува збор за фустан на дизајнерката Џени Пакам, чии креации Кејт Мидлтон многу често ги избира за особено важни и свечени настани, а ги обожава и Анџелина Џоли. Оваа мека креација во бои на виножито има вртоглаво висока цена од околу 6.500 евра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma