Зачин кој природно го засладува кафето, а е добар за срцето

30 март, 20240
1711697787-coffe-2400874_1920-750x421

Грците го сметале за лек. За старите Египќани тоа бил статусен симбол – го користеле за правење парфем, но и го балсамирале телото. За него се пишува и во Библијата, во Псалмите, но и во Песната над песните.

Денес се консумира во голем број различни јадења и пијалоци – од колачи и пити до варено вино. Овој ароматичен и топол зачин не е сладок, но ја подобрува сладоста на другите состојки.

Циметот му дава на секој пијалок или јадење прекрасна арома и сладок вкус без додавање грам шеќер. Затоа лекарите препорачуваат да го додадете во омилениот утрински додаток наместо шеќер или други вештачки засладувачи.

Имено, шеќерот и вештачките засладувачи можат негативно да влијаат на здравјето бидејќи содржат супстанции кои можат да го зголемат воспалението во организмот.

Сепак, не претерувајте со циметот. Доволно е да ставите околу четвртина лажичка цимет во прав во шолја кафе – по можност цејлонски, а за еден ден пожелно е да се консумира околу половина лажичка од овој миризлив зачин.

Не сте љубители на цимет? Лекарите исто така препорачуваат да додадете незасладено какао во утринскиот пијалок. Какаото е поврзано и со одржување на здрав крвен притисок и ниво на холестерол, а згора на тоа содржи и некои важни хранливи материи за имунитетот и телото, како цинк, железо и магнезиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma