Како да не старее: Сигурни Вивер ги воодушеви сите на доделувањата на престижната награда Гоја

12 февруари, 20240
o_32225937_1280

Седумдесет и четиригодишната актерка Сигурни Вивер ја освои престижната меѓународна награда Гоја. Станува збор за значајна филмска награда која е шпанската верзија на Оскарите. Според објаснувањето на Шпанската филмска академија, Сигурни ја заслужила наградата како што рекле поради „импресивната кариера полна со незаборавни филмови во кои отелотворувала и оживувала независни, сложени и силни женски ликови“. Актерката на тој начин пристигна во Valladolid за да добие специјална награда.

image

„Секогаш барам приказни за жени за да не потсетат колку се моќни жените на секаков вид изненадувачки начини“, им кажала 74-годишната жена на гостите. Актерката ги воодушеви сите со својот изглед. Имено, изгледа беспрекорно и во осмата деценија од животот. Наградата ја прими во зелениот custom-made фустан на Том Браун со црни детали, кој одлично и прилегаше.

Инаку, меѓународната награда Гоја беше воведена во 2022 година како дел од шпанските филмски награди. Тоа е награда со која се оддава признание на уметници кои придонеле за поврзување на различни луѓе и култури во кинематографијата. Сигурни е само третата победничка, а од воведувањето на категоријата ја добија само Кејт Бланшет и Жулиет Бинош.

image

Вивер е најпозната по улогата на Елен Рипли во филмовите „Alien“, а глуми и во „Ghostbusters“, франшизата „Avatar“, „Working Girl“, „You Again“ и многу други. Таа ја доби престижната награда Златен глобус за филмовите „Gorillas in the Mist“ и „Working Girl“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma