Како со облека да го скриете вишокот килограми: Совети како се да ви стои како скроено за вас!

12 февруари, 20240
shutterstock1720446820-830x0

Она што го носиме и тоа како може да влијае на нашата фигура. Одредена облека може, на пример, да не прошири во колковите, да ни ги издолжи нозете и слично. Работите што ги носиме можат визуелно да остават поинаков впечаток за нас.

Луѓето кои се борат со вишокот килограми, особено со салото на стомакот, знаат колку може да биде заморно да се бара облека што ќе го прикрие и на тој начин ќе се чувствуваме подобро, пишува „Style craze“. Секоја личност е приказна за себе и типовите на телото се разликуваат од личност до личност, па следниот пат кога ќе одите на шопинг, внимавајте на кои работи ќе потрошите пари.

Секако, најважно е да ја доведете вашата фигура во состојба која пред се подразбира здравје преку правилна исхрана и физичка активност, а дотогаш еве неколку корисни совети.

1. Маички со пеплум или со јаки

Станува збор за маички кои имаат раб во средината, поблиску до вашиот висок струк, односно како да ја одвојува маицата. Ваквите маици ќе ве стеснат во горниот дел додека долниот ќе „падне“ само кон долниот дел од телото. Не би било лошо ракавите да имаат и карнери.

2. Кошули или фустани со вертикални линии

За разлика од хоризонталните линии кои можат да го прошират телото, вертикалните линии имаат спротивен ефект: можат да направат да изгледате послабо. Носејќи ја оваа шема, нема да морате премногу да размислувате за вашиот стомак.

3. Плисирано здолниште

Вообичаена е претпоставката дека луѓето со стомак не можат да носат здолништа, но тоа е сосема лудо. Обидете се да ги споите обичните маици или кошулите во А линија со плисирани здолништа и ќе ја видите разликата.

Овие здолништа започнуваат веднаш на врвот на папокот и се идеални за оние со стомак.

4. Фустани во темна боја

Носењето темни фустани за да го скриете вашиот стомак секогаш ќе ја заврши работата. Ви се допадна темен фустан, но не сте сигурни дали оди со вашата фигура? Знајте дека црн или темен фустан одлично ќе ви стои бидејќи ќе го покрие вишокот што го имате на стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma