МАДОНА ПАДНА ОД СТОЛ НА КОНЦЕРТ: Видеото го обиколи интернетот, а еве што направи кралицата на попот

21 февруари, 20240
Мадона

Познатата пејачка Мадона минатиот викенд доживеа непријатна ситуација на концертот во арената “Climate Pledge” во Сиетл, како дел од нејзината прославена турнеја. Добитничката на Греми и кралица на попот беше седната на стол додека ја изведуваше интересната кореографија за песната „Open Your Heart“ . Поради тоа што го направи потоа, велат дека уште еднаш докажала дека е вистински професионалец.

Танцувачките потези бараа танчерот која настапува со Мадона да повлече стол кон главната бина, но поради високите потпетици ја загуби рамнотежата и падна на бината, влечејќи го столот и познатата пејачка падна на сцената.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEWS-OF-MADONNA (@news_of_madonna)

Мадона се сврте на стомакот и се насмевна, друг член од екипата дојде да и помогне да седне на друго столче.Мадона продолжи со песната и кореографијата, а бидејќи публиката беше многу гласна рече: „Ги заборавив зборовите“.

Брзо се сети на текстот и кореографијата и го заврши тој дел од концертот. Откако снимката од инцидентот излезе во јавноста, фановите рекоа: „Таа е толку професионална…Сите нејзини напори да не забавува… Мора да ја сакате, таа е неверојатна“, пренесува “Daily mail”.

Мадона ја започна турнејата минатата година откако ја одложи поради сериозна бактериска инфекција заврши на интензивна нега во болница во Њујорк неколку дена.

Нејзините пријатели се плашеле дека нема да ги следи препораките на лекарот и дека ќе почне да настапува пред време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma