На денешен ден излегла ПРВАТА ЕПИЗОДА НА „ТОМ И ЏЕРИ“: Култниот цртан слави 84 години

10 февруари, 20240
5b433e64c9ca11be40045826bf4745f1881f12da

Приказната за мачорот Томи и глувчето Џери, кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат еден со друг, редовно завршувала така што Том останал бесен, а Џери успевал да стигне до посакуваната цел, со многу бркање и смешни ситуации.

Дуото е измислено во одделот за анимација на МГМ, каде работеле авторите Бил Хана и Џо Барбера, кои се обиделе да го постигнат успехот на другите студија кои постигнале успех со ликови како Мики Маус, пренесува Би-Би-Си. Писателите, кои во тоа време немале ни 30 години, почнале да размислуваат за своите идеи, Барбера рекол дека му се допаѓа едноставниот концепт на цртан филм за мачка и глушец со тепачки и брканици, иако тоа било направено безброј пати претходно.

Првата епизода била објавена во 1940 година, била огромен успех и дури му донела на студиото номинација за Оскар за најдобар краток анимиран филм. Со повеќе од девет минути, ова е најдолгиот цртан филм на Том и Џери некогаш направен.

Според Барбера, немало многу дискусија за тоа дали ликовите ќе разговараат, со големиот успех на немите филмови со Чарли Чаплин, писателите знаеле дека ликовите можат да бидат забавни без дијалог. Во текот на следните 20 години, Хана и Барбера го надгледувале производството на повеќе од 100 кратки цртани за славните мачка и глушец, за секој од нив биле потребни недели за да се направи и чинеле по 50.000 долари, што резултирало со само неколку популарни цртани филмови секоја година.

„Има нешто во анимацијата. Таа е евегрин кој не избледува. Тоа е како да гледате слика од 18 или 19 век и таа сè уште ви зборува.“ – изјави историчарот на цртаните филмови Џери Бек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma