Подобри од оригиналните? Кога ќе се спојат лазањи и палачинки, настанува ова вкусно јадење

14 мај, 20240
62817413-lazanja-palacinke (1)

Состојки:

10 палачинки

За сос од Болоњезе:

500 гр мелено месо
1 голем кромид
2 чешниња лук
1 голем морков
500 мл сос од домати
Сол, бибер, оригано, босилек
По желба лажица брашно

За бешамел сос:

70 гр путер
2 лажици брашно
600 мл млеко
Сол, бибер
150 гр пармезан сирење

Дополнително:
300 гр рендана гауда

Подготовка:

Подгответе ги палачинките според стандардниот рецепт.
На малку маснотии пропржете го кромидот, па додадете го меленото месо. Зачинете по желба. По 10 минути додадете моркови исечкани на коцки и варете околу половина час. Додадете го пасираниот домат, намалете ја топлината и варете уште половина час. Пробајте и додадете зачини по желба. Ако сакате малку погуст сос од месо, измешајте една лажица брашно во малку млака вода и додадете го месото.
Подгответе го бешамел сосот. Во путерот пропржете го брашното и тргнете го садот од оган. Додадете го млекото со постојано мешање за да не се формираат грутки. Вратете на оган, зачинете и на самиот крај додадете пармезан.
Секоја палачинка прекријте ја со сос од месо и превиткајте ја на класичен начин.
Се ставаат во сад подмачкан со путер, се прелива многу бешамел, се покрива со алуминиумска фолија и се пече половина час во рерна загреана на 200 степени.
По половина час извадете ја фолијата и додадете рендано сирење и печете уште 10 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi