Почина Алис Мунро, добитничката на Нобелова награда за книжевност

14 мај, 20240
FILES-CANADA-LITERATURE-OBIT-MUNRO

Добитничката на Нобеловата награда за литература, канадската писателка Алис Мунро, почина во понеделникот на 92-годишна возраст, објавија во вторникот медиумите.

Извонредно изработените приказни за љубовите, амбициите и маките на жените од малиот град во нејзината родна земја ја направија Алис Мунро глобално призната мајсторка на расказот.

Медиумите пишуваат дека Мунро во последните десет години боледува од деменција.

Објавила повеќе од десет збирки раскази и ја добила Нобеловата награда за литература во 2013 година.

Нејзините приказни го истражуваат сексот, копнежот, незадоволството, стареењето, моралните конфликти и други теми од руралната средина во Онтарио каде што живеела и била интимно позната.

Таа беше вешта во целосно развивање на сложени ликови во ограничените структури на краткиот расказ.

Често ја споредуваат со Антон Чехов, рускиот мајстор за кратки раскази од 19 век, што беше истакнато од Шведската академија со доделувањето на Нобеловата награда.

Мунро ја доби Букеровата награда во 2009 година и двапати Гилер наградата, најпрестижната книжевна награда во Канада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma