По проѕирниот фустан за кој сите зборуваа, Дакота Џонсон го покажа своето тело во костим за капење

21 февруари, 20240
Дакота Џонсон

Ѕвездата од серијата „Педесет нијанси“ очигледно многу вложува во својот изглед.

Неодамна премиерата на филмот „Madame Web“ во Лос Анџелес беше настан кој ретко кој не го коментираше благодарение на актерката Дакота Џонсон.

Нејзината глума овојпат не беше главна тема, туку фустанот кој го носеше на премиерата,мрежеста ткаенина која многу малку прикриваше.

Таканаречениот пајак фустан, делумно светкав, скроен само за Дакота, е дело на модната куќа Gucci, а креацијата имаше една цел – да ја истакне убавината на телото на актерката.Бодито во боја на кожа беше таму за да ги сокрие интимните делови, а се останато фустанот вешто го потенцираше.

А штом споменатите сцени беа заменети со некои нови во светот на познатите, се појавија фотографиите на Дакота од нејзиниот одмор во Мексико.

Времето го помина во друштво на нејзиниот партнер Крис Мартин, кој беше во брак со Гвинет Палтроу од 2003 до 2016 година.

Парот уживаше во заедничките моменти, а 34-годишната Дакота ја покажа својата беспрекорна фигура во бел костим за капење.

Дакота е позната по редовните тренинзи, што често е дел од нејзината подготовка за улоги. Ѕвездата од серијата „Педесет нијанси“ очигледно многу вложува во својот изглед, а сака да и ги покажува на јавноста сите свои придобивки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma