Сопругот 3 години ја изневерувал, а таа ја открила прељубата на шокантен начин: Сурово му се одмаздила!

14 мај, 20240
Screenshot_6

Љубовниот живот на Гвен Стефани е преполн со интересни детали

 

 

 

Гавин Росдејл бил фотографиран во Мексико со својата девојка, која многу личи на неговата поранешна сопруга, Гвен Стефани. Додека тој ужива во прегратките на новата девојка, Гвен Стефани многу страдала по нивниот развод.

 

Двојката се венчала во 2002 година и добиле три деца во бракот. Меѓутоа, бракот не им бил идиличен, особено откако Гавин ја изневерил. Имено, Гавин ја изневерувал цели три години со дадилката Минди Мен, па дури и додека пејачката била бремена со нивниот најмладо дете, синот Аполо.

 

Стефани била скршена кога дознала за аферата на својот сопруг, откако нашла разголени фотографии и безобразни пораки што тој си ги разменувал со дадилката. Имено, мобилниот телефон на Гавин се синхронизирал со таблетот, без тој да знае, па Гвен така дознала дека сопругот ја изневерува.

Откако му ги покажала скриншотовите и разголените фотографии, Гавин признал што направил. Аферата траела три години, а прашање е уште колку долго би ја изневерувал и лажел пејачката ако случајно не направел пропуст.

 

Нова љубов

 

Додека бракот им се распаѓал, а медиумите зуеле за аферата на нејзиниот сопруг, Гвен почнала да работи како судијка во The Voice и тука го запознала Блејк Шелтон. Веднаш се појавиле искри, а и самиот музичар поминувал низ криза во сопствениот брак.

 

Пријателството полека прераснало во љубов, па Шелтон решил да се разведе од сопругата по 4 години брак. Тогаш, јавноста жестоко ја осуди пејачката, тврдејќи дека таа ѝ го направила на друга жена она што ѝ било направено нејзе, но имаше и такви што ја бранеа тврдејќи дека нивниот однос бил платонски, додека се развел музичарот.

 

„Неверојатно ми е тоа што Бог нè доведе до таа позиција да се имаме еден со друг во тој момент. Во ниту еден момент не се обидував да започнам врска со него, едноставно се случи“, рекла тогаш пејачката.

 

Тие официјално потврдиле дека се во врска во декември 2015 година, а во 2016 година Гвен конечно го прекинала бракот со Росдејл. Тогаш првпат се појавиле заедно на црвениот килим, а Блејк признал дека пејачката му го променила животот на подобро.

 

Љубовта ја крунисале со брак во 2021 година во капела што ја изградиле на својот имот и се чини дека овој пат ова е тоа вистинското за обајцата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma