Тешка семејна ситуација го уништи актерот: Џои од „Пријатели“, поранешниот шармер повеќе не изгледа ни приближно исто како тогаш (ФОТО)

22 февруари, 20240
Screenshot_6

Американскиот актер и ѕвезда на серијата „Friends“, Мет Лебланк, по долго време е забележан во јавноста. Папараците го снимиле пред извесен ресторан во Лос Анџелес, но тој не делувал најдобро расположен.

 

 

 

56-годишниот актер изгледал потиштено и замислено, а исто така бил „уловен“ како непристојно плука на улица, што сигурно нема да им се допадне на неговите обожаватели.

 

Мет неодамна помина низ тажен период, откако го загуби својот колега Метју Пери, со кој глумеше во хит-серијата „Friends“ и кој го сметал за свој помлад брат.

 

И додека Метју уште од мали нозе сонувал за успешна кариера и слава, Мет во младоста живеел малку поинаков живот. Се школувал за столар, отсекогаш бил заинтересиран за мотори, а откако го напуштил факултетот, се упатил во Њујорк бидејќи сакал да се проба во манекенството. И навистина успеал во тоа, снимил реклами за светски брендови, а потоа конечно ја добил улогата на Џои во „Friends“.

 

Една година пред да заврши снимањето, Мет се оженил со американската актерка Мелиса Мекнајт, со која ја добил ќерката Марина Перл, на која осум месеци по раѓањето ѝ била дијагностицирана кортикална мозочна дисплазија. Родителите сфатиле дека нешто не е во ред кога се обидувала да ползи – таа постојано паѓала на левата страна и почнала да страда од епилептични напади.

e90iouOLZ5-foto-taznata-pojava-na-legendarniot-dzoi-gi-zagrizila-fanovite-pesacel-tmuren-i-zamislen-po-ulica-a-toa-sto-go-napravil-gi-zgrozilo-site
eAOlIxGXHm-foto-taznata-pojava-na-legendarniot-dzoi-gi-zagrizila-fanovite-pesacel-tmuren-i-zamislen-po-ulica-a-toa-sto-go-napravil-gi-zgrozilo-site
lS2BIm8MsU-foto-taznata-pojava-na-legendarniot-dzoi-gi-zagrizila-fanovite-pesacel-tmuren-i-zamislen-po-ulica-a-toa-sto-go-napravil-gi-zgrozilo-site
OWi2rYNUHR-foto-taznata-pojava-na-legendarniot-dzoi-gi-zagrizila-fanovite-pesacel-tmuren-i-zamislen-po-ulica-a-toa-sto-go-napravil-gi-zgrozilo-site
YLCaMKQrul-foto-taznata-pojava-na-legendarniot-dzoi-gi-zagrizila-fanovite-pesacel-tmuren-i-zamislen-po-ulica-a-toa-sto-go-napravil-gi-zgrozilo-site

После тоа, Мет се повлекол од актерството и одлучил да се посвети на грижата за својата ќерка. По две години брак се развел од Мелиса, а во 2011 година целосно исчезнал од јавноста.

 

„Не знам дали тоа беше болеста на мојата ќерка или фактот дека премногу бев фокусиран на работата, но чувствував дека „прегорев“ и дека ми е потребно време за да се дистанцирам. Му се јавив на агентот и му реков да го заборави мојот телефонски број на неколку години, целосно се откажав. За среќа, успеав. Тоа беа моменти кога чувствував дека ќе доживеам нервен слом. Некое време не морав да работам ништо. На ќерка ми ѝ беше дијагностициран проблем со мозокот. Тоа беше многу мрачен период, но успеавме да го надминеме“, изјавил тој во едно од интервјуата.

 

Марина денес има 19 години и за разлика од повеќето деца на познати родители, таа нема отворени профили на социјалните мрежи, а актерот секогаш ја држел подалеку од очите на јавноста. Единствениот пат кога ја понел со себе на црвениот тепих било во 2014 година, а неколку пати биле „уловени“ и од папараците, иако не може да се најдат неодамнешни нејзини фотографии.

 

Мет своевремено за „The Sunday Times“ изјавил дека пораснала со коњи, бидејќи семејството поминувало време на нивниот ранч во Санта Барбара за време на викендите и дека таа одлично пее, но тоа се само детали, додека остатокот од приказната тој одлучил да го скрие од јавноста.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi