Анастасија прва и честиташе на Цеца! Ќерката и се обрати на пејачката со емотивни зборови: „Ништо помалку не ти одговара“ (ФОТО)

popara14 јуни, 20241min00
Светлана-Цеца-Ржнатовиќ-и-Анастасија-Гудељ

Денеска е важен ден за фолк ѕвездата, а нејзината ќерка Анастасија меѓу првите и се обрати со емотивна порака.
Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 51 година, минатогодишниот јубилеен роденден го прослави со семејството, иако со денови планираше гала прослава. Од таа идеја се откажала поради трагедијата што се случила две недели претходно кога нејзината ќерка Анастасија го изгубила бебето во петтиот месец од бременоста.

Ќерката на Цеца меѓу првите и го честиташе роденденот на мајка си и и испрати емотивна порака.

– Среќен роденден на најдобрата мама на светот!!! Биди секогаш среќна!!! Ништо помалку не ти одговара! – напиша Анастасија која неодамна се појави заедно со нејзината мајка на финалето на Звездите на Гранд и по тој повод зборуваше за животот со Немања во Шпанија.

Минатата година најблиските роднини на Цеца на полноќ ја изненадија со огномет, балони и цвеќиња, па таа роденденот го прослави на улица во пижами, а следниот ден сите се собраа на свечен ручек во вилата на Дедиње. Како оваа година фолк ѕвездата ќе го прослави роденденот, останува да видиме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag