КАРЛЕУША ВО СОЛЗИ ЈА ПРЕКИНА ЕМИСИЈАТА! Поради покојната МАЈКА, не можеше да престане, цело време ЛИПАШЕ пред камерите (ВИДЕО)

popara11 октомври, 20241min00
Screenshot_12

Балканската музичка дива Јелена Карлеуша по повод концертната турнеја на албумот „Аллфа и Омега“ која започнува од Скопје на 19-ти октомври, два дена помина во нашата земја, а вчеравечер речиси три часа беше гостинка во поткастот на Стефан Лазаров каде зборуваше на доста теми.

 

 

 

Започнаа со тоа за нејзиното тешко детство, животот во основно, потоа стартот на кариерата како тинејџерка и сиромаштијата во која живееле со мајка си Дивна… За подоцна во студиото на изненадување да се појави Боки 13 со кого не се виделе повеќе од седум години.

 

Боки како вистински џентлмен дојде со подарок, голема кутија во која имаше венчаница. На Јелена и се допадна фустанот, па се пошегува дека можеби е време да си најде маж во Македонија кога веќе е разведена жена.

 

Набрзо потоа разговорот стана доста емотивен, зашто Боки почна да раскажува за тоа колку ја цени и почитува нејзината покојна мајка Дивна. За слабата точна на Карлеуша сосема доволно да се спомне името на нејзината мајка, па кога Боки почна да раскажува за периодот од нивните дружења и времето кога беа во „Големиот брат“, Јелена не можеше да ги задржи солзите за анегдотите на Боки 13.

 

-Во тоа време единствената личност која ми стави пари во ташна беше Дивна. Тоа се некои работи кои никогаш нема да ги заборавам. Советите кои ми ги дала Дивна за многу животни ситуации. Таква жена не се раѓа, јас ја викав мајка, затоа што… Она беше жена лавчина, започна Боки на што Јелена го прекина и му рече:

 

-Ти дојде тука да ме упропастиш! Да престанеме- кажа Јелена низ солзи, но Боки продолжи:

 

-Истата таа 2010 година, кога мене ми се случува катастрофа. Јас тогаш живеам во тој изнајмен стан до белградска арена, а не можам да седам во станот бидејќи имам траума од станот и некаква случка таму. Не можам  сега да ја опишувам. Дивна ме однесе на вечера, јас бев под седативи. Вечеравме и јас и викам, Дивна јас не можам да спијам во станот. Таа рече, ма оди спиј, јас нема да дозволам ништо. Дивна цела вечер беше со мене и спиеше на фотелја во дневна соба, а јас покрај неа на тросед. Утрото ми рече ти не си за овде, ми помогна да се спакувам и да се вратам за Скопје. Така да тоа е една исклучителна жена која по вторпат нема да се роди.

 

Откако ја реаскажа анегдотата на својата пријателка Боки и кажа:

 

-Немав намера да те расплачам, но тоа е само една гола вистина, со што ја заврши болната тема која ја расплака и растревожи Јелена.

 

Јелена Карлеуаша како што вели дека нејзината карма е таква што за неа секогаш се прилепени скандалите, па врти- сучи темите за разговор постојано се вртеа околу тоа. Сепак, имаше време и за некои поведри и интересни разговори кои изнудија насмевка на лицето на дивата. За се’ она што се зборуваше погледнете од видеото во продолжение, додека разговорот каде Јелена беше емотивно погодена е на  1:37минути.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma