Лепа Брена го заврши боледувањето поради скршеница на глуждот и синоќа за прв пат по итна операција во Загреб, запеа на новогодишна дружба во Белград. Покрај неа гостите ги забавуваше и нејзиниот колега и пријател Здравко Чолиќ.
Иако многумина се надеваа дека Брена нема да се појави во јавноста до најлудата ноќ кога треба да настапи во Сава Центар, пејачката реши предвреме да стави крај на домашното опоравување, па се врати на работа само 18 дена по скршеницата. Таа на сцената се појави во сина облека со светки, а нејзиното закрепнување во целост не го потврдува фактот што цело време додека пеела седела на високо столче, а ногата што ја оперирала ја подигнала на картонска кутија. Како што можете да видите на фотографијата, глуждот се уште е отечен, но Брена ја заврши работата професионално.
Нејзиното доаѓање на прославата ги воодушеви сите присутни, бидејќи многумина не веруваа дека Брена ќе се појави поради неодамнешната несреќа, а на оваа предновогодишна дружба гостите уживаа и во хитовите на легендарниот Чола кој ги крена сите на нозе.