Лепа Брена во понеделникот го одржа својот трет концерт во Арена Загреб, а потоа заврши на загрепската клиника за трауматологија. Таа го скршила глуждот и била оперирана.
Организаторите на концертот објавија:
„Ја известуваме почитуваната јавност дека за време на синоќешниот трет концерт на Лепа Брена во Арена Загреб се случи несреќа, поради која омилената регионална ѕвезда утрово го оперираше глуждот на ногата. Операцијата е успешно извршена и пејачката се чувствува добро.
Несреќата се случила кога член на техничката екипа случајно паднал од бината во спуштен лифт и се здобил со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекала своето појавување пред публиката и на тој начин го повредила. И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно изведе концерт до крај, носена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста на музиката и љубовта кон нејзините фанови.
Во однос на процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, се одложуваат најавените концерти кои требаше да се одржат денеска, 10 и 16 декември, во Арена Загреб.
Купените влезници ќе важат и за новите датуми, додека на оние на кои не им се допаѓаат новите термини ќе им бидат вратени парите.
Во име на Лепа Брена, нејзиниот тим и организаторите ви благодариме за разбирањето и поддршката!“, напишаа тие.