Помагаат во слабеењето: Намирници кои секогаш може да ги јадете пред спиење

31 март, 20240
62780727-salata-s-grilanom-puretinom

Ако мислите дека треба да легнете гладни за успешно слабеење, се лажете. Ова нема да ви помогне да ослабете, ќе бидете нервозни и на крајот веројатно ќе посегнете по некоја храна која воопшто не е добра за вас. Затоа е подобро да се почестите со ужина составена од храна која не само што нема да го отежне слабеењето, туку и ќе ви помогне да ослабете пред спиење.

1. Свежо сирење

Некои сакаат кравјо, други козјо, а нема да погрешите ниту со други сорти свежо сирење. Можете да го јадете само или да направите намаз за да го намачкате на крекери од цели зрна. Свежото сирење е богато со протеини и аминокиселини кои промовираат губење на тежината.

2. Мисирка

Салама од мисирка со салата или сендвич од мисирка со леб од цело зрно сигурно ќе ја задоволи вашата глад. Мисирката е одличен избор за оброк пред спиење бидејќи не содржи многу калории и масти, а ги задоволува сите потреби за протеини и месо.

3. Грчки јогурт

За многумина тој е многу повкусен од стандардниот јогурт, а содржи и многу помалку калории. Богат е со пробиотици кои ги смируваат цревата, го подобруваат варењето и на тој начин го олеснуваат слабеењето. Во него можете да додадете овошје по ваш избор, а боровинките се одличен избор бидејќи се полни со антиоксиданси. Доколку лошото варење ви прави проблеми за време на спиењето, грчкиот јогурт ќе го смири дигестивниот систем и затоа експертите им го препорачуваат на луѓето кои сакаат да ослабат.

4. Овесна каша

Омилениот појадок лесно може да стане и вечера. Овесната каша е најдобрата и најздрава алтернатива на различните житарки кои се полни со вештачки шеќери. Благодарение на големиот број хранливи материи кои ги содржи, кои сигурно ќе го задоволат вашиот глад, нема да ви биде тешко на стомакот и лесно ќе се вари.

5. Зелен зеленчук

Повеќето зелени зеленчуци содржат исклучително малку калории, но се богати и со протеини, поради што брзо создаваат чувство на ситост во стомакот. Така, нема да погрешите ако јадете зелен зеленчук по ваш избор пред спиење. Тоа може да бидат разни лиснати салати или печена брокула. Смути можете да направите и од кељ, блитва или спанаќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi