Препознајте ги на време: Ова се раните симптоми на мултиплекс склероза, многу луѓе не обрнуваат внимание на нив

20 март, 20240
Screenshot_8

Мултиплекс склероза е автоимуна болест на централниот нервен систем, која може да влијае на големиот и малиот мозок, како и на мозочното стебло и ‘рбетниот мозок.

 

 

 

 

Може да се појави на која било возраст, но најризичната група на луѓе е помеѓу 18 и 50 години. Причината за нејзиното појавување сѐ уште е непозната, но неодамнешните истражувања укажуваат дека е предизвикана од дејство на различни фактори, но како можност се јавува и генетска предиспозиција.

 

Оваа состојба обично се поврзува со тремор и мускулни грчеви, но има и други симптоми што може да укажуваат на можноста за мултиплекс склероза. Според здравствената организација Patient UK, повеќето луѓе доживуваат неколку симптоми, кои може да се појават во секое време, па дури и може да се разликуваат. Доколку ги забележите, посетете лекар.

 

Еден од симптомите е проблем со видот. Тоа е затоа што мултиплекс склерозата може да го оштети оптичкиот нерв. Може да предизвика болка или губење на видот и обично го зафаќа едното око. Можен е и заматен вид.

 

Еден од ретките симптоми што потешко се препознаваат е проблемот со мокрењето. Ако често одите во тоалет и мокрењето ви е слабо и прекинато, тоа е знак дека мочниот меур не ви се празни целосно.

 

Тешкотиите во говорот се еден од знаците што укажуваат на мултиплекс склероза. Според MS Society, можеби имате некои проблеми со меморијата или размислувањето. Дополнително, внимавајте на симптомите како што се грчеви и болки во мускулите, вкочанетост и пецкање и екстремен замор или слабост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi