Ретро венчавката на Baby Lasagna: Младенците од гостите барале само една работа

popara27 октомври, 20241min00
m_35596711_1280

Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, и неговата долгогодишна девојка Елизабета Ружиќ се венчаа во средновековна црква во Завршје, населба во Истра. Фотографите ги фотографираа среќните младенци пред црквата – невестата блескаше во долга бела венчаница со тантела и карнери, додека музичарот носеше класичен темносин костум со пруги. Според Istarski.hr, кум на младоженецот бил неговиот брат, додека кумата на Елизабета била нејзината најдобра пријателка.

image

Според истиот портал, венчавката била организирана во ретро стил, а собрале само педесетина членови на семејството и пријателите. Церемонијата ја предводел Св. Бенјамин Петровиќ, свештеник од родната парохија на Марко во Савудрија, додека на гостите не им било дозволено да се фотографираат, парот сакал да ја задржи интимноста на овој посебен момент.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag