Во црн фустан и сако, со широка насмевка на лицето…
Марија Шерифовиќ не се појави на денешното снимање на Ѕвездите на Гранд, а ќе ја замени нејзината колешка и пријателка Сања Вучиќ.
Во црн фустан и сако, со широка насмевка на лицето, Сања застана пред камерите и откри дека навистина се радувала на овој предизвик.
„Подготвена сум да ги оценувам натпреварувачите, иако не ми е прв пат во жирито, сепак е голем предизвик. Ова е само за потребите на оваа емисија, да не се грижат гледачите, Марија многу брзо ќе се врати. Ќе видиме како ќе се снајдам“, рече Вучиќ.
Колегите од жирито на Сања и приредија топло добредојде, а еве што вели таа за средбата со членовите на стручното жири.
„Немам страв, ова е шоу и така ќе го гледам“, рече Сања.
На прашањето дали би сакала да биде постојан член на славната осумка, пејачката одговори:
„Не би седнала на ничие столче, само ако некој се откаже во иднина (се смее)“.